Матурантите утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Утре во 10 часот, средношколците ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура- мајчин јазик кој е задолжителен за сите пријавени кандидати кои ќе полагаат државна матура. 160 средношколци од СОУ Гошо Викентиев оваа година го завршуваат средното образование од кои 90 се привени да полагаат државна матура, а останатите 70 ќе полагаат завршен испит.

Вториот  екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни.

Резултатите од тестовите  ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит.

Матурантите коишто нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат уште една можност во августовската сесија, а термините се 11 август ма првиот екстерен и 13 август на вториот екстерен испит.

Минатата година матурата не беше организирана поради пандемијата, а за оваа година е утврден  здравствен протокол за деновите на полагањето. Најмногу 15 ученици е дозволено да бидат во училница, самите училишта ќе предложат по колку можат да сместат на испитите и во некои бројот ќе биде помал од овој максимум.

Ќе има околу 2000 тестатори и околу 300 набљудувачи, кои се вакцинирани, а за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.

По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита во училиштата, а покрај нив имаа и обврска за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април.

Сподели: