Продолжен рокот за пријавување на екипите во Петровденскииот турнир во мал фудбал – наградата за шампионот е 60 илјади денари

Со цел да добијат време за да ги формираат составите, по барање на екипи редовни учесници на традиционалниот Петровденски турнир во мал фудбал, рокот на пријавување се продолжува до четврток, 10 јуни.

За учество на овој турнир, екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на жиро- сметкатана ОФС – КОчани, 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и  список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочаниили од официјалната веб-страница на Општина Кочани  www.kocani.gov.mk.

Ждребувањето е закажано за 16 јуни 2021 година, а натпреварите започнуваат по договор на екипите.Дополнителни информации можат да се добијат на телефоните: 077 892 734 или  072 275 610.

За трите најуспешни екипи и поединци на Петровденскиот турнир се обезбедени вредни награди. Шампионот на турнирот ќе добие награда во износ од 60 илјади денари.

Сподели: