Кочани наградено за зачувување на природата

Европскиот зелен појас (European Green Belt)  ја награди општина Кочани за нејзините напори во зачувување на природата. На утрешното доделување на наградата ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот на Европскиот зелен појас и Германската амбасадорка, Анке Холстеин.  

Општина Кочани годинава ќе го добие престижното признание од Европскиот зелен појас, за најголем придонес во зачувувањето на природата, настан кој на 17 јуни ќе се одржи во Инфо центарот на Пониква. Наградата ќе ја прими градоначалникот Николчо Илијев, а на церемонијата на доделувањето пред присутните ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот на Европскиот зелен појас и амбасадорката на Германската амбасада, Анке Холстеин.

Европскиот зелен појас ги симболизира глобалните напори за заеднички прекугранични активности за зачувување на природата и одржлив развој. Покрај тоа, иницијативата има за цел подобро усогласување на човековите активности со природната средина и да ги зголеми можностите за социо-економски развој на локалните заедници. Во сите 24 земји, опфатени со иницијативата, се номинира една општина која најмногу допринела за зачувување на природата.

Настанот е дел од Програмата за зачувување на природата во С. Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели: