Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

На 19.06.2021 во 18.35 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот. По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците С.А.(19) и С.А.(19), и двајцата од Кочани биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Сподели: