Пожарите „го обраа“ родот на три хектари житарици

Над три хектари неожнеани посеви со житарици изгореа во три пожари предизвикани од палење стрништа во полските реони во Кочанската Котлина. Огнената стихија зафати и насади од лозје, каде е предизвикана сериозна штета.

Противпожарната единица на Кочани интервенирала на гаснење на пожарите во Мојанско, Грдовско и Теранско, при што по петчасовна битка со распламтениот огин засилен со ветер, успеале да го локализираат и изгаснат. Спречено е проширување на пожарот и притоа се спасени помошни полски објекти.

Со започнувањето на жетвата на јачменот зачестија пожарите на отворено, поради палење на стрништата, што ги доведува во опасност неожнеаните ниви со житарици, како и другите култури и овоштарници.

Сподели: