Кошничката 34.212 денари, просечната плата 28.438 денари

Синдикалците пресметале дека минималната потрошувачка кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари. Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, како што соопшти Сојузот на синдикати, најмногу се троши на исхрана и пијалоци на кои отпаѓаат 14.548 денари, на домување 10.800 денари, на хигиена 2.378 денари, на превоз 2.509 денари, на облека и обувки 2.176 денари, на култура 1.068 денари, а најмалку на одржување здравје 733 денари.
Ако просечно исплатената нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, изнесувала 28.438,00 денари, тогаш јасна е негативната разлика кај семејствата во кои работи само еден член, и притоа да има среќа да го заработува просечниот износ, што е вистинска реткост.

Сподели: