Бара ли СДСМ нов кандидат за градоначалник на Кочани ?

Што бо можело да значи тоа што премиерот Зоран Заев при посетата на Виница, патем не се сретна со кочанскиот градоначалник и осведочен пријател Николчо Илијев ? Уште повеќе, што значи тоа што на започнувањето на изградбата на социјалната зграда, како и на обиколката на едната реконструирана лента од Булеварот „Тодосија Паунов“ наместо државниот врв присуствуваше единствено Министерот Бочварски, а ги немаше потпретседателот Љупчо Николовски, или ресорната министерка за труд и социјала ? Овие прашања предизвикуваат не мали дилеми во јавноста, особено ако се знае дека не многу одамна премиерот го удостои градоначалникот со посета на реконструираните ски-лифтови на Пониква, што е проект далеку помал од актуелните, претходно и на приватниот угостителско сместувачки објект во градот, а сега го заобиколи. Нормално можно е да е во прашање и пренатрупана агенда, но …

Од друга страна тоа што од неколку одбрани локални бизнисмени е побарано да аплицираат за кандидатура за градоначалник на Општина Кочани, би можело да значи дека СДСМ во градот на оризот ќе бара, или барем размислува да бара, друго кадровско решение кога е во прашање највисоката општинска функција. Во тој проблематичен амбиент се вклопува и одбележувањето на Петровден, кое помина без други повидни гости од политичкиот државен и локален партиски врв, и тоа што на главната црковна церемонија во градскиот парк, градоначалникот и секретарот практично останаа сами со црковнослужителите.

Третиот значаен момент е одважниот став на Илијев самиот да не се кандидира, туку тие од партискиот врв што треба да ја вреднуваат неговата работа едноставно да му го понудат вториот мандат, за тој да се прашува дали ќе прифати или не.

Како и да е, во првиот пакет од сигурни кандидати на СДСМ засега не фигурира името на кочанскиот надпартиски градоначалник, што е своевидно изненадување, со оглед на претставата во локалната јавност дека е еден од најуспешните.

Сподели: