Времиња – неврамиња: Стратегии …

Кај и да е, Кочани ќе стане олимписки град. Некој побара стручњаци да им изработат Стратегија за спорт – и ја добија. Сега имаме стратегија, ама без пари и чувство за потребите на спортските екипи и спортистите, се ќе остане мртво слово на хартија. Нема ракомет, нема одбојка, нема борење, нема футсал, нема атлетика – ни машки, ни женски. Загрижени спортски работници велат дека парите за изработувачите на стратегијата се напразно фрлени.

 Друг побара обука на советниците за урбанистичката проблематика, на сметка на општината, небарем ќе останат таму до крајот на работниот век, па општината инвестира во стручен кадар. Некогашни советници пак велат дека парите пак фрлени. Трети се шегуваат, добро било што некој не побарал обука за пилоти за прскање против комарци, бидејќи и тоа ќе било одобрено. Заради мир во општинската куќа. Плус, парите .се народни.

Некогаш за одборници и советници се бираа искусни и проверени стручњаци, кои советуваа, одлучуваа и го развиваа градот. Сега се бираат … какви што се бираат, кои откако ќе седнат во столчињата, прво бараат вработувања, па потоа  започнуваат да учат, па советуваат и одлучуваат, и за градот и за граѓаните. Е, затоа е малку еден мандат!

Сподели: