Опасно гори во близина на Фабриката за вода

Густа чад од нов голем пожар, се издига на широк простор околу Фабриката за вода и во близина на периферните куќи на градот. Обемот на чадот зборува дека се работи за потпалена нова површина во боровите насади, овој пат многу поблизу до објектите, и премногу опасно. Противпожарната единица од Кочани се бори со огнената стихија во настојување да го спречат ширењето на пожарот кон градот и филтер станицата.

Поради фактот дека дежурни екипи на ТППЕ од вчера дежураат на местата каде постои потенцијална опасност за повторно букнување на огнот, новиот пожар не е случаен, односно голема е веројатноста некој да го предизвикал, од само нему познати причини. Екипа на Актуелности.мк е тргната на терен, на местото на огнената стихија, од каде очекуваме дирекни информации за битката на пожарникарите со огинот и за степенот на опасност кон градот.

Сподели: