Градоначалникот во посета на 52 годишната родилка

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја посети 52-годишната Лилјана од Кочани, која се породи пред неколку дена во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје, донесувајќи на свет здраво бебе. Притоа, градоначалникот и честиташе за нејзината храброст и упорност.

За родилката Лилјана е најбитно што таа и бебето се чувствуваат добро и порача ниедна жена во поодминати години која сака да биде мајка да не се откажува, туку само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел.

Сподели: