Турнирот во Зрновци ја враќа вербата во луѓето

Синоќешното финале на Илинденскиот урнир во Зрновци, помеѓу екипите на „Европа 92“ и „Фабијан“, донесе тврд и неизвесен натпревар, кој во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Победникот беше одлучен по изведувањето на пенали, каде попрецизни беа фудбалерите на „Фабиан“ кои го освоија победничкиот пехар на турнирот.

Меѓутоа, покрај спортскиот дух на учесниците, турнирот го одбележа извонредниот хуманитарен гест на освојувачите на наградите, кои паричниот дел го донираа за малиот Јаков. Победникот 15.000 денари, второпласираната екипа 10.000 денари и третопласираната 5.000 денари. Плус 15.000 денари, колку што е наградата за првопласираната екипа, донираше Печатницата „Европа 92“, со што сите ја искажаа желбата малиот Јаков да ја добие најважната битка, бидејќи само така сите заедно ќе се чувствуваат како најголеми победници.

Едноставно сите што беа дел од финалната вечер на традиционалниот турнир во Зрновци ја почувствуваа пораката дека овој народ секогаш подава рака и му помага секому.  

Сподели: