Ветераните на „Младост“ Оризари, играа фудбал и се дружеа

Ветераните на накогашниот фудбалски клуб „Младост“ од Оризари, денеска го одиграа традиционалниот фудбалски натпревар кој собра над дваесетина поранешни фудбалери, сега распрскани низ Европа и Светот. Популарните „старци“ и во оваа прилика покажаа дел од своите фудбалски вештини, финти и дриблинзи, а голманите парадираа како „младичи“.

Чудно е што и овој натпревар заврши без победник, 3 : 3, иако и едните и другите имаа по многу шанси за голови и победа.

По натпреварот сите заедно седнаа на дружење и коментари околу тоа што се случуваше на теренот, како и на евоцирање спомени од убавите времиња, кога ФК „Младост“ беше силна екипа во првенствата во регионот и државата. Колку турнирот им значи на поранешните фудбалери, зборува податокот дек на него учествуваат повратници од странство, кои 20 – 30 години работат по белиот свет.

Сподели: