Во градот „врие“, улиците „под режим“

Хаотична е состојбата со одвивањето на сообраќајот во ценралното градско подрачје деновиве, каде веќе не се знае кој сообраќаен режим функционира, која улица е проодна, и плус на сето тоа комплицираните кружни текови кои ги збунуваат и најшетаните возачи низ земјата и Светот. Гастарбајтерите со чудење вртат наоколу, двоумејќи се по кој сообраќаен знак да возат и кој правец да го фатат. Уште повеќе, каде да паркираат.

Битно, на сите, на домашните и на „странците“ им е јасно дека наближуваат избори, па впечатокот дека на големо се гради – дејствува. А кога е во прашање целта, тогаш средствата се оправдани, па и хаосот и потењето по кривините се локално нужно зло, кое мора да се издржи. Како и да е, печалбарите ќе го паметат ова лето по раскопаните улици во централното градско подрачје, од доаѓањето, до заминувањето. И секако, ќе си заминат со дилемата – како тоа кај богатото „горе“ не се прави ништо, а овде во сиромашното „долу“ градот се прекопува, што чини милиони.

Сподели: