Многу кандидати за 19 столчиња во Советот

ЛЕВИЦА ЌЕ НАСТАПИ СО СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ВО КОЧАНИ И ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, НАЈВЕРОЈАТНО И ИНТЕГРА, А ВО НАЈАВА СЕ И НАЈМАЛКУ ДВЕ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ. БИТКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗАСЕГА БАРЕМ ЌЕ ЈА ВОДАТ ГЛАВНО СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ.

На претстојните локални избори за градоначалници и за советници во општинските совети, за првпат во Општина Кочани и регионот, ќе учествува партијата „Левица“. Од модераторот на локалниот огранок во Кочани, Жаклина Филипова Свеќароска,  дознаваме дека на овие избори партијата нема да исфрли кандидат за градоначалник, но ќе одат со листа за советници. Покрај во Кочани, Левица со советничка листа ќе се појави и во Општина Чешиново-Облешево. Во Виница и во Зрновци партијата нема да учествува во изборната трка.

На прашањето дали Левица размилсува или преговара за некакви коалиции со мали или големи партии, Свеќароска со одговор дека во статутот е забрането секакаво предизборно коалицирање, што значи дека пред гласачкото тело ќе излезат сами.

Ако во изборната трка за советници се впуштат и Интегра, ДОМ И ДС, како и најмалку две независни советнички групации, тогаш може да се очекува дека на 17 октомври ќе се води битка за секој глас и дека ќе биде до крај неизвесно кој се ќе влезе во советите на општините.

Сподели: