Свадба во училиште …, што е следно?

Дали е во прашање некаков комерцијален или политички дил, или нешто друго, важно свадбата во дворот на едно од најстарите кочански основни училишта ги зовре социјалните мрежи. Сеуште не се стишала една афера, а кочанци и пошироката јавност веќе имаат нов „специјалитет“ за коментирање и оговарање.  

Имено денеска на социјалните мрежи се појавија фотки на кои се гледа  како во дворот на ОУ „Раде Кратовче“ се одвива убава свадбена веселба, со сите нишани. Дали некој некого прашал за отстапување на просторот, никој не се произнесува. А дали и каква одговорност ќе повлече тоа што свадбата е во време на пандемија и на забрани, кога бројките се се позастрашувачки, а мерките за заштита од Ковид-19 се максимално заострени, поради што и угостителите кукаат дека ќе затворат, знаат надлежните.

Сподели: