Илијев градоначалник па министер, или само шпекулација

Се повеќе шпекулации „вртат“ во кочанската јавност околу исходот на договарањата за тоа ќе биде кандидат за градоначалник на владејачката СДСМ за Општина Кочани. Денеска во политички кругови во Кочани можеше да се слушне дека доколку не го поддржи СДСМ, Илијев ќе ја заврши политичката кариера, бидејќи роковите за независна кандидаура истекуваат ноќеска, иако тој наводно размилсувал и на таква опција, ама …

Втората шпекулација е дека Илијев се пазарел со раководството на СДСМ, по третата година од градоначалничкиот мандат да добие министерска функција, како своевидна сатисфакција за неговата жртва. Но никој не знае и не кажува кои се мотивите за министерскиот услов. Дали можеби што како градоначалник недоволно може да направи за општината, или во прашање е нешто трето, па и лично?

Иако сето тоа наликува на сметка без крчмар, бидејќи никој не може да предвиди и гарантира исход на изборите, сепак на површина исфрла дека во ова време на предизборие се калкулира со се и сешто.

Сподели: