Вадел брзи кредити на туѓа сметка

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 26-годишник со иницијали Д. Ѓ. (26) од овој град поради сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на лични податоци и измама.

Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 3 март до 2 април 2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциската сметка на В. С. од село во Кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во разни финансиски друштва.

Потоа го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од татко му, кој е на привремена работа во Италија, и поради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка, од каде што подигнал 125.453 денари.

Сподели: