Избрани изведувачите за реконструкција на улиците „Раде Кратовче“ и „Гошо Викентиев“

Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт и врски соопшти дека наскоро ќе почнат градежните работи за реконструкција на улиците „Раде Кратовче“ и „Гошо Викентиев“.

Во известувањето од Министерството за транспорт и врскистои дека е завршена постапката за избор на изведувачи.  Градежните работи ќе ги изведувааткомпаниите ЈВ Ескаватори-МК и Битем од Скопје, а надзорот ќе го врши ГЕИНГ Кребс и Киефер Интернешнал.

Реконструкцијата ќе се изведува на 786 м, од кои 543 м се на улицата „Раде Кратовче“. Двете кочански улици влегуваат во 35-те локални патишта на коишто ќе се работи во 21 општина во државава.

За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерство за транспорт и врскина јавноста ѝ се дава можностактивно да го следи изведувањето на планираните градежни работи преку воспоставениот Механизам за жалби и поплаки кој припаѓа на Стандард 10 од Рамката за животна средина и социјали аспекти на Светска банка.

Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документа: Механизам за жалби и поплаки (преку примање жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање) и со Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Двата документа се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Сподели: