Една грешка цела фабрика тешка …

… ИЛИ КАКО НАСЛОВОТ ВО НЕОДАМНЕШНОТО ИЗДАНЕ НА ТАЈМ ГИ ИЗРАДУВА КОЧАНЦИ, А СОДРЖИНАТА НА ИНФОРМЗЦИЈАТА ГИ РАЗОЧАРА, БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТЕЛО ЗА КИЧЕВО А НЕ ЗА КОЧАНИ. ЌЕ ВЕТАТ ИЛИ ЌЕ НАЈАВАТ ЛИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ КОНЕЧНО НЕКАКВА ПОЗНАЧАЈНА ИНВЕСТИЦИЈА, БИДЕЈЌИ ОД УЛИЦИ И ТРОТОАРИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ

Таман кочанчани се израдуваа дека конечно и во Кочани ќе се реализира некаква инвестиција и ќе се отворат нови работни места, кога работата да била само обична грешка. Имено деновиве на Тајм беше објавен наслов „Три нови странски инвестиции во Скопје, Штип и Кочани“. Меѓутоа со отворањето на текстот стигна и разочарувањето, бидејќи не се работело за Кочани, туку за Кичево. А колку ќе се израдуваа кочанци на една ваква информација, на која чекаат 7-8 години, излишно е да се коментира.

Дотолку повеќе што во текстот стои дека вкупното ниво на нови странски инвестиции кои се веќе договорени, потпишани или се во процедура на одобрување во Влада, е близу 160 милиони евра. Дека со нив предвидено било да се отворат над 2.500 нови работни места, при тоа е очекуван нов извоз од близу три милијарди евра кој ќе се генерира од тие инвестиции во наредните 10 години.

Се ќе беше многу оптимистичко за Кочани да не беше пустата грешка !!!

Меѓутоа, и грешката може да биде корисна, доколку ете поттикне размислување и предизборно ветување, дека во наредниот четиригодишен мандат можна е некаква позначајна домашна или странска инвестиција со отворање нови работни места и со повисоки плати.

Сподели: