20 годишен кочанчанец избегал од затвор во Струмица, а полицијата го пронашла во трговскиот центар во Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска околу 1:30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани го пронашле и привеле Џ. Џ. (20) од Кочани поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

„При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана“, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: