Љупчо Папазов вети проекти и развој

Коалицискиот караван предводен од ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Кочани го одржа својот предизборен митинг, на кој пред членовите и симпатизерите на партијата, како и пред граѓаните, зборуваа кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претседателот на Христијан Мицковски.

Кандидатот Љупчо Папазов во ниту еден момент не зборуваше за тоа како во изминатите четири години функционирала актуелната локална власт. Наместо тоа, тој се фокусираше на проектите кои планира да ги реализира доколку биде избран на 17 октомври. Нагласувајќи дека како човек кој е роден, живее и работи во Кочани, ќе направи се за доброто на граѓаните на целата општина. Проекти за планирани во сите сфери и во сите населени места.Брзо и ефикасно ќе се градат детски градинки, ќе патна и друга инфраструктура, ќе се развива Пониква и другите туристички потенцијали, ќе се реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Конечно ќе се реализира домот за стари лица, Браната „Речани“, ќе се ефектуираат геотермалните води, за кочанци и населението од регионот да добијат бања. Посебен акцент ќе биде даден на развојот на стопанството и отворањето нови работни места, за младите да останат тука и да ја градат својата иднина.

За претседателот Христијан Мицковски нема дилема кој ќе биде победник на претстојните локални избори – тоа ќе биде народот, кој ќе ја смени оваа ненародна власт и ќе им даде доверба на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој критички се осврна на практицирањето на власта на СДСМ на чело со Зоран Заев, и малите заевчиња – градоначалници по општините низ државата.

-Сите избори се важно, но овие се најважни, бидејќи граѓаните одлучуваат дали државата ќе остане во хибридниот режим, со криминали и афери, или ќе оди по патот на вистинските вредности. Со СДСМ нема иднина, бидејќи тие ја уништија сегашноста и немаат право да зборуваат за иднина. Немаат проекти, немаат ништо реализирано. Знаат само да крадат и тука им нема рамен во Европа. Поради нивната неспособност државата е прва по смртноста со над 6000 починати од Ковид 19. Во пожарот во Тетово им изгореа 14 пациенти, а одговорност нема, ниту ќе има. Додека оризопрозводителите мака мачат со пласманот на арпата од 12 до 15 денари за килограм, Заев си купил луксузен автомобил вреден 100.000 евра. И наместо да работи нешто, тој се занимава со мене, ме навредува. Е затоа народот ќе го казни на 17 октомври. Ќе ги казни неговите криминали, корупцијата по која сме на дното во Европа и светот…

Инаку, вчера попладне и во вечерните часови караванот на ВМРО-ДПМНЕ продефилира во четирите општини во Кочанската Котлина,покрај Кочани и во Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, каде на митинзи кандидатите за градоначалници ги промовираа своите предизборни програми и визии за развој на своите градови и населени места. На граѓаните им се обрати и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој зборуваше зошто треба да се смени актуелната власт и зошто кандидатите на ВМРО ДПМНЕ за градоначалници и советници се вистинскиот избор за граѓаните.

Сподели: