СДСМ: Економијата ја подобруваме на локално ниво

Почитувани сограѓани, Развиени општини значат силна економија. Инвестициите од централната власт, стратешки ќе ги употребиме за нови работни места и за повисоки плати за секого, тука, во нашето место. Определбата за рамномерен локален економски развој е веќе препознатлив знак за Кочани.

Од презадолжена општина, преку домаќинско располагање со средствата, успеавме да создадеме услови за инвестирање подеднакво, и во градот и во населените места, што придонесува за подобрување на квлитетот на животот во целата Општина.

Економијата бележи историски раст на БДП од 13,1% во вториот квартал.  Просечната нето-плата во државата континуирано расте. Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината. Минимална плата е на ниво од 15194 денари, а со усвојувањето на интервентниот план за инвестиции во вкупен износ од 8,2 милијарди евра ги зголемуваме јавните и приватните инвестиции.

Сподели: