Во Кочани вечерва не се слави

Кочани остана без победник во првиот изборен круг, што значи и без прослава на членовите и симпатизерите на едниот или другиот политички блок. Неофицијалните резултати се мошне изедначени, а со оглед на бројот на неважечки ливчиња кој надминува 1000, неизбежен е втор круг за четиринаесет дена, односно на 31 октомври.

Од околу 80 % преброени ливчиња, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ  Николчо Илијев има освоено нешто повеќе од 8000 гласа.

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Љупчо Папазов од овој процент преброени гласови има освоено околу 7400 гласа, или приближно 600 помалку.

И кај советничките листи се води мртва трка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ која има освоено 6196 гласа, и СДСМ со освоени 6174 гласа. Тоа значи дека ќе добијат идентичен број на советнички мандати, ама за многу нешта ќе се прашуваат советниците од малите партии, доколку го поминат консензусот и независниот Венко Крстевски, кој сега веќе размислува и за плус еден мандат.  

Сподели: