Промовирана книгата за Тодосија Паунов

Во присуство на членови на семејството Паунови, како и на голем број роднини и пријатели, поранешни вработени и јавни личности од Кочани, денеска во кругот на некогашниот гигант „АТОМ“, беше промовирана книгата „Од Речани до парламентот“, посветена на еден од најистакнатите општественици во поновата историја на општината, Тодосија Паунов. Монографијата е дело на авторите Славица Цветкова и Јане Атанасов, кои, како што велат, три години работеле на истражување и создавањето на ова значајно дело, кое преку животниот пат на Тосе, обработува еден исклучително успешен период од развојот на градот и општината, особено од стопански аспект.

Изјави …

Во рамките на промоцијата фолклористи ја испеаја омилената песна на Паунов, „Учи ме мајко карај ме“, а беа читани биографски податоци од неговото раѓање до парламентарните клупи и до крајот на неговиот живот, кој згаснал на големиот христијански празник Бадник.

Домаќин и организатор на промоцијата на делото „Од Речани до републичкиот парламент“ беше Мишел Ѓорѓиев, сопственик на една од фирмите кои функционираат во кругот на некогаш големиот АТОМ.

Сподели: