Прес на Папазов: Ќе инвестираме во Пониква

Почитувани,

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води.

Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси. Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.

Ќе изградиме нов ски лифт и нова ски патека. Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Сподели: