Љупчо Папазов слави …

ВО ЗНАКОТ НА ЦРВЕНАТА БОЈА, СО ЗНАМИЊА И ДРУГИ ПАРТИСКИ ОБЕЛЕЖЈА ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, КОИ СВОЈОТ ГЛАС ГО ДАДОА ЗА ЉУПЧО ПАПАЗОВ, ЈА ПРОСЛАВИЈА ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ. ПАПАЗОВ ГО ОСВОИ ДЕВЕТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ, ИАКО Е СЕДМИОТ ТАТКО НА ГРАДОТ.

Непосредно по пребројувањето на гласовите, кое ја потврди победата на Љупчо Папазов во трката за градоначалник на Општина Кочани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ја започнаа еуфоричната атмосфера, прво пред партискиот штаб, а потоа и на платото во Трговскиот центар. Со извикување „победа, победа ….“ и „Љупчо, Љупчо …“, со партиски и државни знамиња, и запалени факели, се славеше до доцна во ноќта, а масата наздравуваше и со гратис пиво. Видно расположен и возбуден среде насобраниот народ, победникот Љупчо Папазов изјави:

-Ова е голема победа за граѓаните на Општина Кочани, кои се определија за промени, истакна Папазов. Им благодарам на сите за поддршката и дадените гласови и ветувам дека ќе работиме чесно и одговорно, во интерес на сите граѓани. Вечерва славиме, а веќе утре започнуваме со планирање и работа за реализација на програмата, односно проектите.

На прославата, покрај поранешни и сегашни партиски кадри, и граѓани, се приклучија и новоизбрани градоначалници од соседните општини, кои победија уште во првиот круг. Инаку, по Љупчо Беличев, Лазар Веселинов, Љубомир Јанев, Тодор Пашовски, пак Љубомир Јанев, Ратко Димитровски во два мандата, и Николчо Илијев, Љупчо Папазов е деветиот градоначалник според мандати, на Општина Кочани, а втор, односно трет, од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели: