„Слога 1934“ немоќна во Кочани

ВО ЧУДНОТО 11 КОЛО, „ОСОГОВО“ ЈА ДЕКЛАСИРА „СЛОГА 1934“, „КАМЕНИЦА САСА“ ОСВОИ САМО БОД КАЈ „ТИМ ЛОКОМОТИВА“, А „ДЕТОНИТ“ ГО ПОБЕДИ „КИТ ГО“ СО 1.0. ПРАШАЊЕТО Е ДАЛИ ОСВЕН ПРИЛЕПСКА „ПОБЕДА“, НЕКОЈА ДРУГА ЕКИПА ЈА ПОСАКУВА ПРВАТА ЛИГА

Во дербито на соседите Осогово на Никола Мантов убедливо ја победи Слога 1934 со 3:0, полувреме 0:0. По изедначената игра во првото полувреме, во второто виничани како да застанаа, а жолто-сините се разиграа, како резултат на што дојдоа трите гола. Освоените три бода го одлепија Осогово од дното на табелата, кој зад себе сега има четири екипи.

Во 11-тото коло, покрај „Осогово“ кое славеше над „Слога 1934“ со 3:0, „Локомотива“ остана непоразена од „Каменица Саса„ во натпревар без голови 0:0, Во Радовиш „Детонит“ минимално го победи „Кит Го“ со 1:0, Во Струмица „Беласица“ сигурна против „Братство“  2:0, и во Прилеп „Победа“ освои три бота против „Кожуф“ со резултат 3:1, за прво место на табелата.

По ова коло „Победа“ има 26 бода, „Слога 1934“ 25, „Каменица Саса“ 21, и „Беласица“ 20. Во втората половина се „Кит Го“ со 16, „Осогово“ 14, „Детонит“ 13, „Кожуф“ 12, а на дното „Локомотива“ има 5 и „Братство“ 4 бода.

Сподели: