Средба Папазов – Декер

Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа средба меѓу заменик амбасадорот на Кралството Холандија, Роберт Декер и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Најпрвин беа потенцирани сите досегашни соработки на стопански план кои се присутни на територијата на Општина Кочани.

На остварената средба од страна на градоначалникот на Општина Кочани беа презентирани приоритетните проекти и инвестиции за Општина Кочани, како и изразување на задоволството за идна меѓусебна соработка. 

Во Општина Кочани досега се остварени четири холандски инвестиции „Антура“, современата лабораторија за производство на семенски материјал за украсни цвеќиња, „Гирлофс фриготехника“, конфекцијата „Вимафешн“ и „Нидо ГТ“.

Сподели: