СПОРТИСТ НА КОЧАНИ – РИСТЕ СИМЕОНОВ

Асоцијацијата на новинари на Кочани денеска ги разгледа пристигнатите предлози и од нив изврши избор на најдобрите во спортот во 2021 година. Работејќи по системот бодување според бројот на пријавени кандидати, за спортист на годината со освоени 17 бода, е избран гимнастичарот Ристе Симеонив,  од КГС Кочани. Втора е Стефанија Павлова од Џудо клубот Гладијатор, со 13 поени, трет е кошаркарот Дино Лазаров со 11 поени, четврти фудбалерот Тоше Манов со 9 поени, петти Димитриј Спасов со 7 и шести Дамјан Крстов со 6 поени.

Најдобра екипа за 2021 година, според новинарите, е Џудо клубот Гладијатор со 7 поени, пред КК Баскет Дино со 6 и ГФК Осогово со 5 поени.

Кај тренерите носител на титулата најдобар е Александар Андов со 9 поени, пред Драган Шекеровски со 6 и Александар Диванисов од КК Баскет Дино, со 3 поени.

Во конкуренцијата на млади надежни спортисти, новинарите одлучија да им се доделат пофалници на сите 13 предложени кандидати, без притоа да се рангираат, со цел да не дојде до евентуална неправда во бодувањето и одлучувањето.

Новинарите беа едногласни постхумно да му се додели Плакета на Сашо Лазаров Чапо, за придонесот во развојот на кошарката во Кочани.  

Манифестацијата на избор на спортист за 2021 година, на која и официјално ќе бидат прогласени најдобрите, и ќе им бидат доделени признанијата и наградите, ќе се одржи на крајот од јануари годинава.

Сподели: