Ефикасна генералка помеѓу „Слога 1934“ и „Тетекс“

Генералната проба пред стартот на првенството во Втората лига исток, Слога 1934 ја одигра на свој терен, против мошне добрата екипа на Тетекс. На стадионот Филип Втори во Виница се одигра интересен и пред се ефикасен натпревар, на кој двете екипи постигнаа по три гола, за нерешен исход 3:3. Шесте гола се доказ дека не се тактизирало, дека се играл отворен фудбал, со цел да се постигне гол повеќе од противникот. Инаку и двете екипи имаа свои периоди во текот на натпреварот, во кои ги постигнуваа головите.

Слога 1934 која по есенската полусезона го дели првото место со прилепска Победа, во првото овогодишно коло, кое се игра на 19 февруари, го пречекува „Кит Го“ од Пехчево, што е најава за интересен и неизвесен натпревар.

Сподели: