ДАФ доби нов директор и средства

Две работи му се случија на Драмскиот аматерски фестивал деновиве, кои најавуваат посодржајна и поквалитетна организација. Првата е одобрените средства од Министерството на култура во износ од околу 370.000 денари. Втората е промената на извршниот директор на ДАФ. На местото на Дарко Спасов собранието ја избра актерката Кристина Атанасова Арсова. До промената дојде по поставувањето на Спасов за в.д. директор на Националната установа „Театар Комедија“, функција која бара голема посветеност и ангажман.

Со доаѓањето на Атанасова Арсова на чело на ДАФ, и со финансиската поддршка од Министерството за култура, која во изминатите две години изостана поради пропуст, се очекуваат нови и атрактивни содржини, кои ќе и го вратат сјајот на најзначајната аматерска драмска манифестација во нашата држава.

Сподели: