Општината „олеснета“ за 4.000.000 денари

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО И ЛОКАЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИЈА МАНАСТИРОТ ДОБРА ВОДА, КОЈ ГО ПРАЗНУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ МИРЧЕ СТОЈКОВ СО СООПШТЕНИЕ ГО КРИТИКУВАШЕ НЕДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ

Пратениците Драган Ковачки и Зоран Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ, придружувани од претседателот на Општинскиот комитет на партијата Мирче Стојков и претседавачот во Советот на опоштината, Лазе Митев, денеска го посетија манастирскиот комплекс Добра Вода, каде се сретнаа со претставници на црковниот одбор и со верници. Големиот манастирски собор го посети и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој со домаќините зборуваше се потребите за понатамошен развој на овој мошне посетен верски објект.

Првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Мирче Стојков во оваа прилика пред медиумите изјави:

Почитувани медиуми,

Поради неспособната и криминална власт на СДСМ, граѓаните на општина Кочани дури и денес 2022 година ги чувствуваат на свој грб последиците од тие погубни политики.

Претходната локална власт на СДСМ предводена од Николчо Илијев, манипулираше дека буџетот на општината е во полна економска кондиција, но всушност тие само манипулирале, а недомаќинското работење го ставале под тепих далеку од очите на јавноста.

Во 2019 година општината склучила договор со фирмата КОП – инжинеринг за изградба на патот Крушка – Полаки. Изградбата на патот е завршена, квалитетот на асфалтот е спорен, а Николчо Илијев одлучил да не ги плати обврските кон фирмата КОП – инжинеринг. Потоа изведувачот ја тужи општината и си ги бара средствата да им бидат платени според регулираната тендерска постапка. Неодамна на седница на Совет дознаваме дека судкиот процес завршил со донесена пресуда во корист на КОП – инжинеринг.
Лошото менаџирање и неспособноста ја чини општина Кочани 4 милиони денари , пари кои треба сегашната локална власт да ги плати кон фирмата и кон судските инстанци во Република Македонија.

Со тие 4 милиони денари во буџетот за 2022 година, беа предвидени изградба на улици во селските средини, изградба на потпорни ѕидови и патишта во Ромското маало, но сега граѓаните ќе треба ги плаќаат грешките на неспособните од минатото.

ВМРО – ДПМНЕ е партија на обичниот народ , ВМРО – ДПМНЕ постои за Македонија. На една страна обичните луѓе на нашата Македонија, а на другата страна неспособната елита од Централната власт која мора да падне

Тоа меѓу другото истакна дека граѓаните ќе ја казнат погубната политика на СДСМ, која доведе до презадолженост на државата, и други кризни состојби, кои паѓаат на грбот на граѓаните.

Сподели: