Пензиите од 27.јули до 1-ви август

ДЕЛОВНИТЕ БАНКИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД 27 ЈУЛИ ЌЕ ИМ ГИ СТАВАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ПЕНЗИИТЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ. ГОТОВИНАТА ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА ОД 27 ЈУЛИ ДО 1-ВИ АВГУСТ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВИСИНАТА НА ПЕНЗИЈАТА.

Откако до 26 јули  Фондот за пензиското и инвалидско осигурување ќе ги достави податоците за пензиите до деловните банки, тие почнувајќи од 27. Јули се должни да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
– За пензии до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
– За пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
– За пензии од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29. Јули (петок), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).

Сподели: