Соопштение од ОО СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,

Сите ние бевме сведоци на големото невреме кое ја зафати нашата општина. Обилните врнежи од дожд предизвикаа штети не само во комуналната и сообраќајната инфраструктура, туку и во речиси секое домаќинство.

Затоа, советничката група предводена од СДСМ и коалиционите партнери поднесе барање до Градоначалникот на Општина Кочани и Претседателот на Совет на Општина Кочани за итно свикување на вонредна седница на Советот со единствена точка на дневен ред и тоа:

–       – Информација за штетите предизвикани од невремето и спроведување на итни мерки за помош на граѓаните чии објекти претрпеле штета.

Од Општината веќе упатија апел до оштетените граѓани да поднесуваат пријави кои би биле разгледувани од надлежна комисија и дополнително, истите би биле обесштетувани, согласно можностите.

Сепак, сметаме дека ваков сериозен проблем кој ги засега сите граѓани мора да биде транспарентно и неселективно елабориран – не само со давање предлози за санација на штети и материјална помош туку и со разгледување на причините кои доведоа до последици од толкави размери.

Советничка група предводена од СДСМ

Совет на Општина Кочани

Сподели: