ЖФК „Кочани“: Со 4 до 6 засилувања за првата лига

Новиот член на Првата фудбалска лига за жени, ЖФК „Кочани“ зачекори во подготовките за новото првенство со максимална организираност и обемен план. Дваесетина фудбалерки под водство на тренерот Оливер Јовановски, тренинзите за физичка подготовка ги спроведуваат на стадионот Никола Мантов, а од 8-ми до 13 август ќе се преселат на Пониква, каде ќе ги полнат батериите за големите предизвици

Раководството на клубот веќе успеа да донесе четири фудбалерки како одлични засилувања, од Каменица Саса и од Плечковица, меѓутоа желбите се да се ангажираат уште две фудбалерки од странство.

За амбициите во претстојната сезона, Јовановски вели дека се темпирани во две фази. Во првата, која се однесува на претстојното првенство, целта е да се опстане во лигата или обезбеди место на средината на табелата. Веќе во втората година ќе се гради стратегија за борба за првата позиција и освојување на шампионската титула.

ЖФК Кочани во последните неколку години се потпира главно на фудбалерки од сопствената школа, што е гаранција за континуитет и долгорочни резултати.

Сподели: