Македонски шуми ќе ги испорачаат договорените количини

ОТКАКО ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ГРЕАТ НА ОГРЕВНО ДРВО СЕ НАЈДОА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА И ВО НЕИЗВЕСНОСТ ДАЛИ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ УПЛАТЕНИТЕ ДРВА, ОД МАКЕДОНСКИ ШУМИ ПРИСТИГНА ВЕТУВАЊЕ ДЕКА ИСПОРАКАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНА И НАВРЕМЕНА ЗА ВЕЌЕ СКЛУЧЕНИТЕ ДОГОВОРИ. КРИЗАТА СО ЕНЕРГЕНСИТЕ РЕЧИСИ ДВОЈНО ЈА ПОКАЧИ ЦЕНАТА И НА ОГРЕВНИТЕ ДРВА.

Откако голем број граѓани, кои имаа склучено договори за снабдување со огревно дрво, буквално извисија, а во меѓувреме цените пораснаа речиуси двојно, практично се најдоа затечени и препуштени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Разликата во цена ги принуди повторно да го прекројуваат домашниот буџет. Затечени се и тиа што се грееле на струја или пелети, па сега притискаат да се снабдат со бука или даб, за да ја истераат некако грејната сезона.

Во целиот хаос со огревот, смирувачки доаѓа ветувањето од ЈП „Национални шуми“ од каде велат дека сите кои имаат склучено договор до почетокот на грејната сезона ќе бидат снабдени со огревно дрво по ланските цени. Согласно објавениот Јавен повик на веб-страницат а на јавното претпријатие за купување на огревно дрво, преку складовите во подружниците на Национални шуми, за снабдување со огревно дрво за претстојната грејна сезона, јавното претпријатие ќе настојува да ги задоволи потребите на пазарот.“, вели директорот на ЈП „Национални шуми“, ВалентинГ руевски.

Сепак цените постојано растат, а на приватните складишта низ државата во моментотв кубен метар буково дрво се продава и до 4.700, а даботдо 4.800 денари. Инаку над десетина години наназад,кубен метар бука се продаваше по 2.600, а даб по 2.700 денари, и таа цена не е сменета од 2009 година. ЈП „Национални шуми“ бара зголемување на цената за 20 %, по основ на зголемените трошоци, а истовремено планира годинава да произведе 516.032 кубни метри огревно дрво, наспроти ланските околу 430.000 кубни метри.

Сподели: