Клубовите сиромашни за скапата втора лига

ГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗДАТОЦИ ИМ СОЗДАВААТ ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ НА ВТОРОЛИГАШКИТЕ ЕКИПИ КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СТАРТ НА СЕЗОНАТА. „СЛОГА 1934“ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ НАСТОЈУВА ДА ГИ ИСПОЛНИ ОБВРСКИТЕ ЗА ДА МОЖЕ ДА ИГРА ВО ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА.

Со ангажирање на Управата и на сите локални фактори во Општина Виница, ФК „Слога 1934“ се чини дека ќе ги преброди финансиските проблеми и ќе ги исполни условите да игра во единствената Втора фудбалска лига на Македонија. Такви информации стигнуваат од таборот на виничани, кои прават се да бидат дел од второто по квалитет фудбалско натпреварување во државата.

Во текот на вчерашниот ден и денеска сите инволвирани во клубот биле во трка со времето, случувала околу регулирањето на одредени финансиски обврски, но проблемот барем засега е решен. Истовремено се правени напори да се соберат потребните средства за котизација, кои се движат околу десетина илјади евра и да се уплатат, бидејќи в сабота требаше да започне првенството. Сепак денеска е лиферувано известување од ФФМ, дека првенството е одложено на неодредено време. Инаку, во првото коло Слога 1934 му гостува на Борец во Велес, екипа која до лани играше во првата лига.

Сподели: