Арпата 45, оризот 90 денари?

ЗА ВО ВТОРНИК Е ЗАКАЖАН ПРОТЕСТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, КОИ НАЈАВУВААТ БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ ОБЛЕШЕВО, ДОКОЛКУ НЕ ОСТВАРАТ СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТЕРОТ, ЗА ДА ПРЕГОВАРААТ ОКОЛУ БАРАЊАТА ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА АРПАТА ДА ИЗНЕСУВААТ 45 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ, А ЗА БЕЛИОТ ОРИЗ 90 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. ПИСМЕНОТО БАРАЊЕ Е УПАТЕНО ДЕНОВИВЕ, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР.

Откупна цена од 45 денари за килограм арпа и 90 денари за килограм бел ориз побара членот на иницијативниот одбор на оризопроизводителите Здравко Арсов, кој вели дека тоа е став на земјоделците од кој нема да одстапат. Според него се друго е отидено во облаци поради што земјоделците се доведени до питачки стап, без егзистенција и без можност да си набават огревно дрво за претстојната зима

-Ние не земаме ни плата, ни имаме други приходи. Државата не оставо без ништо. Осумдесет посто од земјоделците ќе останат без дрва, вели Арсов.

Тој покажува документ, односно писмо, кое било упатено до Премиерот и до ресорниот министер за средба, за да се бара исполнување на нивните барања, во спротивно ќе следуваат повеќедневни блокади на магистралните патишта.

-Упативме писмо и чекаме покана за разговор и договор. Ако не измегуваме на блокади на патиштата.

Според пресметките на земјоделците производствената цена во која се вкалкулирани нафтата, вештачките ѓубрива, пестицидите и другите давачки, сега е далеку повисока од откупната, што за нив е работење со загуба без можност за опстанок. Затоа, коментираат земјоделците, ако оваа држава сака храна, ќе мора да се сврти кон реалните потреби на производството.

Сподели: