Третолигашите стартуваат на 4-ти септември

ОД СВЕТИ НИКОЛЕ, ПРЕКУ БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО, ДО БОГДАНЦИ ЌЕ СЕ ПРОТЕГА ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО КОЕ ЗАПОЧНУВА НА 4.СЕПТЕМВРИ. ВО НЕГО ЌЕ УЧЕСТВУВААТ 12 ЕКИПИ КОИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН И ВЛЕЗ ВО ВТОРАТА ЛИГА.

Дванаесет клубови од југоисточниот дел на државата, на 4, септември, годинава, ќе го започнат новото фудбалско првенство. Тоа е договорено на средбата на претставниците на клубовите, што деновиве се одржа во Штип, а во организација на Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани.

Притоа е утврдено дека котизацијата, од која клубовите 60% треба да се уплатат пред почетокот на првенството,изнесува 110.000 денари, додекадругите 40% ќе мора да ги уплатат предстартотнапролетниотдел.

Третата лига на Истокот годинава ќе ја сочинуваат клубовите Осоговоод Кочани, ОвчеПолеод СветиНиколе, Малешод Берово, Рударод Пробиштип, Брегалницаод Делчево, Чешиново 2015 од Чешиново, Карбинци од Крбинци, Победаод Валандово, Вардарскиод Богданци, Тиверијаод Струмица, Василево и ХоризонтТурновоод Турново, што само по себе е најава дека првенството ќе биде интересно и неизвесно.

Сподели: