Второлигашите стартуваат на 20.август

НА 20 АВГУСТ КОНЕЧНО ЗАПОЧНУВА ПРВЕНСТВОТО ВО НОВИОТ ПРОЕКТ НА ФФМ ЕДИНСТВЕНА ВТОРА ЛИГА. ВИНИЧКА „СЛОГА 1934“ ГОСТУВА КАЈ „БОРЕЦ“ ВО ВЕЛЕС, А ПЕХЧЕВО И КАМЕНИЦА САСА СЕ ДОМАЌИНИ. ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ЗА ПРВИТЕ ПОЗИЦИИ, А ЗА ОПСТАНОК ЌЕ СЕ БОРАТ ПОВЕЌЕ ЕКИПИ

Шеснаесетте клуба од единствената втора лига на Македонија дури денеска претпладне дознаа дека на 20 август, сабота, стартува новото фудбалско првенство. Ова ќе биде прва сезона во која практично ќе биде на испит проектот втората лига да ги собере екипите на едно место, за на тој начин, веројатно да се избегнат разликите, кога второто по квалитет натпреварување во државата беше поделено по региони и со различен број на учесници. На испит ќе бидат и можностите на клубовите од финансиски аспект, бидејќи првенството ќе биде далеку поскапо.

Во првото коло на единствената втора фудбалска лига, в сабота, силите ќе ги одмерат: Борец – Слога 1934, Кожуф – Пелистер, Аресими – Вардар, Охрид – Тетекс, Детонит – Беласица, Караорман – Воска спорт, Пехчево – Гостивар и Каменица Саса – Беса.

Втора лига

„СЛОГА 1934“ ГОСТУВА КАЈ „БОРЕЦ“, „ПЕХЧЕВО“ И „САСА“ ДОМАЌИНИ

Сподели: