ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД OПШТИНА КОЧАНИ ЗА ПРИОРИТЕТИ НА ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2

Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 25.10.2022 година (вторник), со почеток во 11,00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална сала) ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од Oпштина Кочани за Приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината.

На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на: туризмот, социјалната инклузија, заштита на животната средина и младински иницијативи. Имено, прифаќањето на апликацијата и вклучувањето на Општина Кочани во реализација на оваа регионална програма на УНДП претставува значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации за што Советот на Општина Кочани има донесено одлука за кофинансирање проекти на граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2). Предвидено е 20% кофинансирање на проектите од страна на Локалната самоуправа од вкупниот износ на средства на граѓанските организации.

Сподели: