Сообраќајна несреќа во центарот на Кочани

Рано утринава во Централното градско подрачје кај раскрсницата кај шопинг центарот се случила сообракајна несреќа помеѓу две возила од кои едното завршило на троторот при што оштетен е ѕидот на кејот на реката и урбана опрема. Според очевидци до несреќата дошло поради непочитување на првенство на минување на крстосницата , а за срека во моментот на несреќата немало пешаци.

Неколку часа од несреќата со информации излегоа и од СВР Штип кои ја потврдија несреќата која била пријавена во 5 часот и 28 минути . Во незгодата учествувале две возила, товарно возило Мерцедес Витос со винички регистарски ознаки управувано од 26 годишен возач од Виница и патничко моторно возило Ренџ Ровер со кочански регистерски ознаки управувано од 32 годишен возач од Кочани. Од незгодата возачот и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди а направена е и голема материјална штета.

Увид на местото на несреќата извршиле полициски службеници од ПС Кочани.

Сподели: