Осветените води на Кочанска Река среќни за Андреј Митев

Прво скокање и огромна среќа за 24- годишниот кочанец Андреј Митев, кој беше највешт и  успеа да го фати Светиот крст од заезерените води на Кочанска река, а по повод Богојавление – Водици. Младиот Митев најдобро се снајде во конкуренција на над 50 пријавени, кои оваа година учествуваа во фаќањето на крстот, и му се случи првиот обид да му се посреќи. Тој посака Светиот крст да им донесе многу здравје, радост и благосостојба на сите христијани.

Традиционално од Храмот „Св. Вмч Георгиј“ Митев ја доби Библијата, а градоначалникот Љупчо Папазов во името на граѓаните на Кочани му подари златник. Компанијата „Зегин“, која е покровител на Водици ширум државата, на среќниот Митев му подари вредносен ваучер.

Верскиот чин на осветување на Кочанска река, со фрлање на Светиот крст во нејзините води, го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужителство на свештеници од храмот „ Св. в.м.ч. Георгиј“.

Сподели: