Исчистени 6000 м2 од коритото на Масалница

Во изминатиот период интензивно се работеше на расчистување и уредување на обраснатото корито со дрвја, трње и треви, на дел од Реката Масалница во централното подрачје на населбата Оризари. Со градежна механизација е исчистен простор од околу 6 илјади квадратни метри со сечење на диво израснати дрвја, вадење длабоки корења, машински ископи, порамнување и уредување на речното корито. Расчистувањето на кејот на Оризарска Река и хортикултурното уредување ќе продолжи и во наредниот период. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.

Сподели: