Ограбен дуќан за брзи кредити

Ноќеска непознати сторители извршиле провална кражба во објект во кој е сместена канцеларијата на фирма за брзо кредити „Креди ЈЕС“ во центарот на Кочани. Овиената влезна врата ја забележале вработените кои утрово дошле на работа и веднаш пријавиле во Полициската станица во Кочани. Полициски службеници извршиле увид на објектот со цел да пронајдат траги и докази од провалниците.

Засега нема информација дали во објектот имало пари и евентуално колку се пронајдени и однесени. Како и за тоа дали се украдени други вредни предмети. Истрагата е во тек.

Сподели: