Ученици од Крижевци на зимување на Пониква

Осуммина ученички од основно образование од Крижевци, Република Хрватска зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини.

Ученичките денеска учествуваа на работилница организирана во ОУ „Малина Попиванова“, каде имаа можност да изработуваат креативни изработки, а воедно остварија средба и со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, на кого можеа да му ги пренесат впечатоците од престојот на Пониква. 

Зимувањето на учениците кое го овозможува Општина Кочани е во рамките на соработката со хрватскиот град Крижевци, воспоставена во средината на осумдесеттите години. Градот Крижевци, пак им овозможува летување во Хрватска на најдобрите кочански ученици на генерацијата од Кочани.

Сподели: