НА 6 МАРТ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 26. СЕДНИЦА

В понеделник, 6 март, со почеток во 9 часот, во Венчалната сала, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 26. седница.

На предлог-дневниот ред се пет точки:

  1. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’;
  2. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Поставување на сообраќајна урбана опрема во градот Кочани“;
  3. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Систем за греење во спортската сала во ОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ – с. Оризари“;
  4. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на ул. ‘563’ – Лесна индустрија“;
  5. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот плански регион“.
Сподели: