Советниците ја одржаа 26 .седница на Советот на општина Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржа 26. седница на чиј дневен ред се најдоа пет точки, сите поврзани со одобрување финансиско учество на Општина Кочани при апликација на проекти. 

Советот едногласно ја усвои одлуката Општина Кочани да кофинансира во проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“, кој ќе биде поднесен до Министерството за транспорт и врски, на повик за користење средства за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите. За реализацијата на овој проект Министерството за транспорт и врски обезбедува 4 милиони денари, а остатокот ќе биде сопствено учество со средства планирани во Буџетот на Oпштина Кочани за 2023 година. 

Советот одобри кофинансирање во износ од 10 % од вкупниот буџет на проектот „Поставување на сообраќајна урбана опрема во градот Кочани“, што ќе се аплицира до Бирото за регионален развој. 

Со 50 % од вкупниот буџет на проектот, Општина Кочани ќе го кофинансира проектот „Систем за греење во спортската сала во ОУ ‘Крсте Петков Мисирков’, с. Оризари“ што ќе биде поднесен до Бирото за регионален развој. 

Советот го изгласа за приоритетен за реализација проектот „Изградба на  ул. ‘563’ – Лесна индустрија“  со  кој Општина Кочани ќе аплицира за добивање средства од Министерството за локална самоуправа. 

Со 17 гласа, Советот донесе одлука за сопствено учество на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот плански регион“, што се подготвува за поднесување до Бирото за регионален развој. Во овој проектза поставување фотоволтаици на Филтер станицата, СОУ „Гошо Викентиев“ и ООУ „Никола Карев“, Општина Кочани ќе учествува со 5 %, односно со износ од 580 илјади денари.  

Сподели: