„Осогово“ го „преплива“ „Дојранско езеро“

МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ОСОГОВО, ПРЕДВОДЕНИ ОД ФЕНОМЕНАЛНИОТ ТОШЕ МАНОВ, ОСВОИЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН И ЈА ЗАЧУВАА БОДОВНАТА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТОТ ОВЧЕ ПОЛЕ, ВО БОРБАТА ЗА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА. НА СРЕДБАТА АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – РУДАР ПОСТИГНАТИ 10 ГОЛА, А РЕЗУЛТАТОТ 6:4 ЗА ДОМАЌИНОТ.

Минимално, со 2 : 1, но сосема заслужено Осогово го победи Дојранско езеро во Дојран, за да ја задржи бодовната предност пред конкурентите за првата позиција и да потврди дека во оваа полетна екипа, предводена од голгетерот Тоше Манов, има материјал за поголеми фудбалски достигнувања. Осогово во Дојран имаше водство од 2:0 со головите на Манев, но дозволи на крајот да прими гол, кои создадоа драма во поледните минути. Сепак кочанските жолто-сини во градот на оризот се враќаат со три бода и ја чуваат лидерската позиција на табелата.

На другите натпревари се постигнати следните Резултативо ова 14-токоло:покрај „ДојранскоЕзеро“ – „Осогово“  1:2, „Брегалницасениори“ е поразена од „ОвчеПоле“ со 1:3, „АкадемијаЧешиново-Облешево“ и „Рудар“ постигнаа вкупно 10 гола, за конечни  6:4, „Спартмани“ минимално го победија „Карбинци“ со 1:0, а „Малеш“ и „Вардарски“ одиграа без победник, 1:1. Слободнабешеекипатана „Тиверија“.

Сподели: