Работилница на УСАИД: Јавно-приватните партнерства се недоволно искористена алатка за воведување извори на финансирање во општините

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов деновиве учествуваше на настанот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите под наслов: Искуства и научени лекции од спроведување на јавно-приватно партнерство во општините во Република Северна Македонија.

Учесниците на настанот истакнаа дека јавно-приватното партнерство како алатка за воведување нови извори на финансирање на општините за жал, сѐ уште не е доволно искористена. Поради тоа, акцентот беше ставен на клучните законски одредби, искуства и научени лекции од веќе спроведените јавно-приватни партнерства во земјава и пошироко, како и надминување на најчестите предизвици и пречки.

Сподели: